Држава или партнер – Чебрен чини милијарда, одлуката се ближи

од Марта Пешевска
111 прегледи

Министерката за енергетика Сања Божиновска најави дека наскоро ќе биде познато кој модел ќе се избере за изградба на хидроцентралата Чебрен – дали целосно државно или со партнер. „Најубаво би било како држава сами да го реализираме проектот, но станува збор за инвестиција од најмалку една милијарда евра, а буџетот не дозволува лесна одлука“, изјави министерката на Националниот самит за дигитална енергетска и безбедносна инфраструктура.

Работна група веќе работи на проектот под координација на Министерството, а се прават и завршни пресметки околу висината на браната и дали Чебрен ќе се гради заедно со Галиште. „Има 14 неуспешни обиди во минатото, сега сакаме сè да направиме како што треба“, додаде таа.

Божиновска го истакна и значењето на новиот Закон за енергетика, кој наскоро треба да стапи во сила. Според неа, некои од мерките, како борбата со енергетската сиромаштија и проектите за батерии за складирање струја од обновливи извори, веќе се започнати.

„Процесот е започнат. Нешто ќе оди побрзо, нешто побавно – но се движиме напред“, порача министерката.

Слични содржини