251
Државното правобранителство најави отштетно побарување во случајот „Шпански скали”.
Претставничката на оваа институција, Елена Саздовска, во своето обраќање пред судот посочи дека во име оштетената Република Северна Македонија најавува отштетно побарување од обвинетите во износ од над 163 000 000 денари.
Застапничката за Државното правобранителство воедно посочи дека отштетното побарување е засновано во обвинителниот акт и во вештиот наод и мислење на вештите лица.
Судењето за овој предмет го води судијката Фанка Јанчулева-Михаичовска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчева.