Англискиот систем за тестирање и следење на Ковид овозможува исплата на поддршка од 500 фунти (околу 550 евра) на луѓе кои се изолираат откако добиле известување преку апликација.
Парите веќе им се достапни на луѓето на кои им беше наредено да се изолираат преку програма за следење контакти преку телефон, е-пошта или порака, но не преку апликација поради анонимност, пренесува Ројтерс.
Секое физичко лице кое ќе добие предупредување за самоизолација во апликацијата, сега може да ги регистрира своите податоци со цел да добие исплата, објави службата.
Силната заштита на приватноста на корисниците беше клучен услов поставен од Apple и Google кога ја направија технологијата достапна за развој на апликации за следење на контактите на луѓето заразени со Ковид-19.
Индивидуалните корисници не мора да внесуваат лични податоци при регистрација за да ја користат апликацијата, што значи дека автоматски генерираните барања за известување за самоизолација не се обврзувачки.
Корисникот ќе остане анонимен по добивањето на известувањето доколку не сака да бара пари, објави службата.
Финансиската помош е дизајнирана како поттик за луѓето да останат дома кога ќе добијат позитивни резултати од тестовите за Ковид-19, со цел да се забави ширењето на коронавирусот.