Државата ќе го откупи оризот од земјоделците

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Вишокот оризова арпа што стои во амбарите на земјоделците во Кочанско, заминува во стоковите резерви. Иако оризот уште пред 12 години е прогласен за производ кој не треба да биде складиран за државни резерви, Владата донела одлука повторно да го стави на листата.

oriz

Со тоа го реши проблемот кој производителите на ориз ги натера да протестираат.

Нема пресметка колку пари ќе чини купувањето мир. Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, рече дека дури 70 отсто од оризовата арпа од ланската реколта стои неоткупена.

Оризопроизводителите немаат информации по која цена ќе се откупува арпата. На последните протести побараа 50 денари за килограм бел ориз и 25 денари за килограм оризова арпа.

Оризот не го продаваа поради ниската откупна цена, која изнесуваше 38 денари за еден килограм./Извор Мета