Државата ќе им даде земјиште на користење на социјално загрозени лица

од desk3
91 прегледи

На јавен повик за давање земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на социјално необезбедени лица, државата ќе понуди вкупно 133 хектари земјиште во 11 региони.

subvenciii-zemjodelieee

Земјоделското земјиште се издава на петгодишно користење. Секој понудувач – корисник на правото на социјална помош (инвалидни лица, самохрани родители и лица згрижители или старатели на дете без родители и родителска грижа или возрасно лице со одземена деловна способност), до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје, може да достави барање во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневниот печат.

Дополнителни информации заинтересираните земјоделци може да добијат и на веб-страницата на Министерството за земјоделство и во неговите подрачни единици.

Извор: МЕТА