Државата ќе му плати 1,7 милиони денари на Верушевски за притворот во „Пуч“

од Nikola Popovski
303 прегледи

Државата на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски треба да му исплати 1,7 милиони денари отштета за тоа што бил приморан да лежи притвор за предметот „Пуч“, одлучи Врховниот суд. На тој начин, судот делумно го усвоил неговото барање за ревизија на надоместокот на нематеријална штета за неоснованото лишување од слобода и нарушениот углед и чест.

–  Се задолжува тужениот Република Северна Македонија на тужителот Зоран Верушевски, на име нематеријална штета за претрпени душевни болки поради повреда на личните права – чест, углед и слобода поради неоправдано лишување од слобода – притвор, да му исплати паричен надоместок во износ од 1.720.000 денари, со законска казнена камата во висината на референтната стапка на НБ на РСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на пресудувањето – 26.05.2021 година, до конечната исплата, во рок од 15 дена по приемот на пресудата, стои во во пресудата на Врховниот суд.

Државата, исто така, се задолжува на Верушевски да му ги надомести парничните трошоци во постапката во вкупен износ од 227.642 денари.

Во пресудата, Врховниот суд го одвива ако неосновано, поголемото тужбено барање на Верушевски за надомест на разликата од досудениот износ до побараниот износ од 4.104.000  денари.

Верушевски во 2015 година, откако почнаа да се објавуваат бомбите, беше веднаш притворен, со обвинувања првин за неовластено поседување на службениот патем пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа, со цел тогашниот премиер Никола Груевски да ја убеди јавноста дека не прислушувале тој и УБК со која раководеше тогаш Сашо Мијалков, туку дека Верушевски и странски служби прислушувале.

Слични содржини