Министерот за правда, Никола Тупанчевски денеска информира дека државата ќе подготви ново барање за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој веќе 3 години се наоѓа во Будимпешта, Унгарија, откако избега од државава.
-Се прави проценка во кој период да се обнови тоа барање за други околности. Има нови процеси, нови пресуди и сето тоа ни дава обврска да бидеме внимателни, затоа што во неколку наврати бевме одбиени. Постои можност за меѓународна соработка во различни фази од постапката, вклучувајќи ја и ја правосилната судска пресуда, рече Тупанчевски на прес-конференција.
Против Груевски се водат и неколку други процеси, за изборни нерегуларности во „Титаник“, за изградбата на автопатиштата во „Траекторија“.
Екс-премиерот за „Плацови на Водно“ доби седум години затвор, а има и правосилна пресуда од една година и шест месеци затвор во случајот „Насилство во Центар“.