Државата треба да ги награди граѓаните кои сигнализираат корупција

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Награди за сигнали за корупција и специјални мерки против митото – ова се дел од програмата на владејачките бугарски партии за борба против корупцијата на високо ниво. Таа конципирана за следните пет години.

Корупция

Стратегијата е позајмена, како од Романија, така и од словенечкиот, полскиот и лиованскиот модел.

Една од идеите е сите антикорупциски тела да се обединат.

Новата единица ќе ги обединува активностите на Комисијата за конфликт на интереси, БОРКОР, дирекции во Судот на ревизори, Комисијата за нелегално стекнат имот и други структури.

Новата единица ќе се бори со корупцијата на високо ниво, изборната корупција, корупцијата во МВР и судството и ситната корупција меѓу граѓаните.

Новата стратегија за борба против корупција предвидува парична награда за секој граѓанин, кој ќе поднесе сигнал за злоупотреби. Наградата сепак ќе се плаќа само доколку дојде до пресудата.
Една единица за борба против корупцијата ќе располага со банкарските сметки и имотните декларации на лицата кои се проверуваат.
“Да, сакаме пристап до банкарска тајна. Сакаме пристап до регистри, сакаме да има единствен софтвер за единствен орган кој да може да врши проверка постојаните состојби “, објасни вицепремиерот Меглена Кунева.

Законот за новото антикорупциски тело ќе биде доставен до Министерскиот совет (владата на Бугарија) до крајот на месецот, но се очекува вистинската негова работа да започне најрано на почетокот на следната година.
Кабинетот подготвува целосно нов закон за единствен орган за борба против корупцијата
Тоа денеска го најавија Меглена Кунева и Христо Иванов

<span class='lightbox-image-comment-wrapper'>Снимка: Ладислав Цветков</span>
“Направете стратегија таква и нека работат органите зошто всушност се создаде една нетрпеливост кон корупцијата, но многу ве молам, не сакам да слушнам, во Бугарија, која се надевам дека е правна држава, да ја мериме ефективноста на реформата со бројот на затворени. Било тоа да се политичари “, вели народниот правобранител Константин Пенчев.

Се уште не е јасно кој ќе ја координира работата на новата институција. Засега варијантите се тоа да го прави вицепремиер или премиерот.

И додека кај нас допрва почнува изградба на стратегија за борба против корупцијата, во соседна Романија веќе испратија во затвор цела влада. Само минатата година соседите изведени пред суд 35 судии, 20 од нив добија конечни пресуди.

Запреле се одливот на повеќе од 400 милиони евра од државата и се докажале злоупотреби за над 300 милиони евра.