Државен дочек на посмртните останки од загинатите граѓани во автобуската несреќа (ВИДЕО)

од Берта Китинска
355 прегледи

Се очекува да пристигнат двата авиона од Бугарија со посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа што се случи на 23 ноември.

Надлежните информираат дека е можно извесно пролонгирање на слетувањето на авионите поради временските услови.

Државниот дочек на посмртните останки од загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија, ќе започне околу 10:55 часот на Меѓународниот аеродром „Скопје”, а истиот ќе може да се проследи преку следниот линк.

Ќе присуствуваат претрседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница.

Најавено е присуство и на странски делегации.

Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички, што се случи на 23 ноември на патот „Струма“, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени. Туристичкиот автобус, во кој главно имало македонски државјани, се запали ноќта меѓу 22 и 23 ноември на враќање од Истанбул во Скопје.

Слични содржини