18
Вчера во 13.30 часот во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, го лишија од слобода А.Б.Ш.(31) од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.