307
Српски државјанин ја претепал својата девојка од Македонија, информираат од СВР Скопје.
Според полицијата, рано утринава во 03.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.П.(32) од Република Србија, затоа што околу 00.00 часот физички ја нападнал неговата 26-годишна партнерка од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.