Во тек е голема антитерористичка акција на МВР насочена против припадници на Исламската држава (ИСИС) во земјава, како и лица кои учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации, дознава МРТ.

Се вршат претреси и апсења во неколку градови истовремено. Досега во Скопје, Струга и Куманово се приведени неколку лица, а сеуште траат претреси во објекти во Гостивар и на други места.
Се врши претрес и во придружен објект на џамија во Скопје, која подолг период наназад беше надвор од контрола на ИВЗ.
Оваа информација истовремено ја ибјавија сите провладини портали и медиуми под контрола на власта.
Од МВР ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден по завршувањето на големата акција.