Државни фирми, АД и ЈП: 16 милиони евра загуба во првиот квартал!

Најголема негатива во износ од 45,2 милиони евра прикажале АД „Електрани на Северна Македонија“, на второ место со загуба од 2,5 милиони ева е ЈП „Национални шуми“ а на трето е ЈП „Железница – инфраструктура“ со минус во финансиското работење во износ од 2,2 милиони евра

од Nikola Popovski
69 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Канал 5

15 државни фирми, Јавни претпријатија и Акционерски друштва во државна сопственост генерирале 16 милиони евра загуба во првите три месеци од годинава. Новите податоци од Министерството за финансии за финансиското работење на вкупно 29 државни компании, АД и ЈП покажуваат дека 15 од нив биле во минусен биланс а 14 работеле со позитива, што значи дека половина од акционерските друштва, фирми и ЈП во државна сопственост работат со загуба.

Најголема негатива во износ од 45,2 милиони евра прикажале АД „Електрани на Северна Македонија“, на второ место со загуба од 2,5 милиони ева е ЈП „Национални шуми“ а на трето е ЈП „Железница – инфраструктура“ со минус во финансиското работење во износ од 2,2 милиони евра.

Негативен финансиски биланс во работењено имаат и АД „ Пошта на Република Северна Македонија“ со износ од скоро 1 милион евра и АД „М – НАВ“ со загуба од 900 000 евра. Од друга страна најголема добивка во финансискиот биланс во првите три месеци прикажале JП за државни патишта – Скопје со 31,1 милион евра, АД Мепсо со 7,2 милиони евра и АД „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ со добивка во износ од 2,1 милион евра.

Скоро сите државни фирми, ЈП и АД под државна „капа“ кои имаат негативен финансиски биланс се наоѓаат и на должничката листа на Министерството за финансии, со прикажани милионски износи на доспеани а неплатени обврски. Власта најави консолидација на долговите на дел од државните фирми и ЈП. Според податоците на Министерството за финасии, последното тромесечје од 2024 та оваа група на државни фирми, акационаерски друштва и јавни претпријатија прикажала загуба во износ од 37 милиони евра.

Најдрастична е промената кај JП за државни патишта – Скопје кое од „загубар“ на крајот од 2024 та се претвори во профитабилна државна комманија, а причина за промена на ваквата позиција е тоа што ова ЈП, освен што има милионски приливи од наплата на патарини и надместоци при регистрација, стана и носител на инфрастуктурни проекти за кои доби финасии и од меѓународните кредитори.

Д.А.