Државниот буџет оштетен за 9 милиони денари: Организирана мрежа на цариници, шпедитери и возачи избегнувале плаќање увозни давачки за возила

од Nikola Popovski
160 прегледи

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски информираше дека откриле и спречиле организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривична дела со употребени возила кои на нелегален начин биле ставени во промет и завршувале на автоплацевите низ Македонија, без да се платат увозните давачки.

Запленети се 35 автомобили во вкупна вредност од 20 милиони денари, со што преку избегнување плаќање увозни давачки, е нанесена директна штета на државниот буџет од 9 милиони денари. Според директорот на Царината, шостојат сомневања дека избегнатите давачки, штетата врз Буџетот да биде многу поголема бидејќи е голема веројатноста, ваквите дела да се случувале повеќекратно во изминатите години.

До ОЈО ГОКК се поднесени кривични пријави за 24 лица од кои 19 се физички. Николовски најави кривични за уште лица.

Во однос на царинските службеници, во тек се дисциплински постапки по што ќе следуваат соодветни казнени мерки. Станува збор за 8 цариници.

-Ако се докаже дека направиле вакво дело и дисциплинските постапки завршат во таа насока, тие ќе бидат отстранети (oд работните места) пред да завршат кривичните пријави. При крај се дисциплинските, кажа Николовски на прес-конференција.

Слични содржини