461
Американскиот државен обвинител Дејвид Вајс доби дополнителни овластувања да го истражи случајот на синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер, откако пропадна спогодбата за признавање вина за даночно затајување и обвиненија за оружје.
„Со ова проширување на овластувањата, се обидувам да му ги дадам на Вајс сите ресурси кои ги бара“, изјави американскиот државен обвинител Мерик Гарланд, кој ги зголеми овластувањата, пренесува Би-Би-Си.
Тој додаде дека тоа го направил „во интерес на јавноста“.