Државните факултети се против спојувањето на два-три предмети: „Учениците нема да постигнат позитивни резултати“

од Nikola Popovski

Педагошкиот и Филозофски факултет не го прифаќаат новиот концепт за основно образование. Според нив со новата реформа учениците нема да постигнат позитивни резултати. Концепцијата ќе предизвика недосатоци во начинот на оценување, а нема ниту да се намали бројот на часови.

Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје смета дека  нацрт-верзијата на Концепцијата за основно образование, претставена од Министерството за образование и наука содржи методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на воспитно-образовната и општествената реалност во државата. Оттаму велат дека имплементацијата на Концепцијата може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието.

Од Педагошкиот факултет сметаат дека коцепцијата ќе предизвика појава на низа недостатоци во синџирот клучни компетенции – национални стандарди – резултати од учењето – стандарди за оценување – наставни програми – учебници. За нив, решенијата понудени во Нацрт-концепцијата не се засновани на прецизна идентификација на вистинските проблеми и предизвици во основното образование.

„Потребно е да се предвиди и овозможи подолга разумна временска рамка за создавање на квалитетна реформа во основното образование во која ќе биде земена предвид комплексноста на сите процеси за натамошна имплементација како и критичкото мислење на сите релевантни фактори, а со оглед на комплексноста на предложените решенија и далекусежните последици што усвојувањето на оваа Концепција ќе ги предизвика за севкупниот образовен систем на сите три рамништа (основното, а потем, следствено и на средното и на високото образование)“, стои во заклучоците на советот.

Новиот концепт за основно образование кој треба да почне да се спроведува од следната учебна година, наиде на бурни рекации во јавност. Против новиот концепт веќе се изјаснија Македонсата академија на науките и уметностите, здружение на социлози, историчари, хемичари и физичари.

Слични содржини