Држел часови во студиото каде уби 10 луѓе: Кој е осомничениот за масакрот во Калифорнија?

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Осомничениот за масовно пукање во Калифорнија беше пронајден мртов откако уби 10 луѓе и рани 10 други во студиото за танцување во Монтереј Парк во саботата вечерта.

Хуу Кан Тран (72) беше пронајден мртов во неделата во белото комбе во кое побегна по масакрот во клубот, соопштија властите. Тој извршил самоубиство, пренесува Fox News.

Тран е пронајден во Торанс, кој е на околу 30 минути од Монтереј Парк, заедно со пиштолот и други докази.

Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес соопшти дека не бараат други осомничени и дека можниот мотив не е познат.

Пет жени и пет мажи беа убиени во пукањето во студиото за танцување Star Ballroom, додека уште 10 лица беа ранети. Градот во кој се случи масакрот има голем број азиско население, а пукањето се случило за време на прославата на Лунарната Нова Година.

Кој е Хуу Кан Тран?

Тран беше идентификуван како осомничен за убиствата во неделата. Властите го пронашле Тран мртов во комбето во кое избегал од местото на настанот. До него бил пронајден пиштол.

Сè уште не е познато дали Тран целел поединци или пукал неселективно.

Тој, наводно, се обидел да изврши второ пукање во студиото за танц Лаи Лаин во градот Алхамбра, на околу 30 минути од Монтереј Парк, но минувачи успеале да го запрат и да му го земат пиштолот пред да побегне.

Неговата сопруга во интервју за медиумите во неделата изјави дека нејзиниот сопруг одржувал неформални часови во студиото за танцување Star Ballroom.

Друг негов познаник изјавил дека Тран често го посетувал студиото за танцување, иако не се знае кога последен пат бил таму.

Слични содржини