Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ обвинува дека држење на пет питбули и кангал на јавна површина поминало со само казна за неодговорно сопствеништво. Информираат дека кучињата биле лоцирани дека се чувани на диво на јавен простор кај Музејот на современа уметност.
Наведуваат дека ЈП „Лајка“ постапила и ги заловила, а исто биле повикани и инспектори на АХВ и МВР.
-Иако ЈП Лајка инсистираше на стерилизација и одземање на сите укажувајќи дека ова се најексполатирани животни, сопствениците добија амин од АХВ и МВР да се вратат, да излезат од стационар нестерилизирани назад и одговараат со глоба околу 200 евра, објавија меѓу другото од „Анима Мунди“.
Според Здружението, како држава доцниме многу со регулирањето на одговорното сопствеништво, трговијата со животни, препознавањето и казнувањето на насилството врз животните.