169
Демократскиот сојуз (ДС) најостро го осудува крвничкото претепување на сопственикот на порталот “БУРЕВЕСНИК”, Зоран Божиновски. Од партијата сметаат дека ваквиот мафијашки начин на пресметка, сериозно го нарушува правниот поредок и сигурноста на нивинарите и граѓаните.
-Демократскиот сојуз инсистира на брза реакција од МВР и откривање на нарачатeлите и извршителите на овој насилничко – криминален акт. На Божиновски му посакуваме побрзо закрепнување, стои во соопштението од партијата.
Новинарот синоќа бил претепан пред својот дом од две маскирани лица. МВР работи на откривање на сторителите и мотивите за нападот.