Демократскиот сојуз (ДС) смета дека Мешовитата македонско-бугарска омисија за историски и образовни прашања, не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската Архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.
-Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на Македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е Македонска или Бугарска е рамно на велепредавство.
Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од Македонскиот дел),да биде разрешена и изберат во истата историчари ,резистентни на политичко влијание, велат од ДС.