ДС бара од Иванов до крајот на денот да ја повлече аболицијата

од Vladimir Zorba
145 прегледи

„Обидите преку промена на Законот за помилување, повлекувањето на аболицијата да биде селективна, ја покажува ароганцијата на власта“, велат од ДС.

pavle-trajanov

Демократскиот сојуз, инсистира аболицијата да се повлече, односно да се поништи за сите 56 лица, носители на високи државни и политички функции, како и за нивните соработници.

„Мора да се почитува уставното начело дека сите граѓани се еднакви пред законот и секој што ја злоупотребил функцијата и довербата на граѓаните, мора да понесе одговорност, да му се одземе тоа што го украл од граѓаните и да му се забрани политичко дејствување од најмалку 10 години. Обидите преку промена на Законот за помилување, повлекувањето на аболицијата да биде селективна, ја покажува ароганцијата и пркосот спрема целокупната демократска јавност и граѓаните кои протестираат“, се наведува во соопштението.

ДС го повика Ѓорге Иванов, до крајот на денот, да ја повлече одлуката за помилување за сите 56 помилувани и против сите нив да продолжат постапките пред надлежниот суд.

Слични содржини