ДС бара Советот на ЕУ да ја обврзе Софија да им овозможи на Македонците од Бугарија да се здружуваат за афирмација

Демократскиот сојуз бара да „престанеме со носење на резолуции и декларации кои никого не го обврзуваат и никој не ги разгледува или чита“

од Nikola Popovski
116 прегледи

Демократскиот сојуз бара да престанеме со носење на резолуции и декларации кои никого не го обврзуваат и никој не ги разгледува или чита. Партијата предлага македонскиот Парламент да се обрати до Советот на Европската Унија со следните барања:

„Советот на Европската Унија да ги донесе следните заклучоци: Прво, по приемот на Македонија во Европската Унија, Македонскиот јазик да биде официјален јазик. Второ, историските, идентитетските и јазичните прашања да не можат да бидат основа за блокада на евроинтегративните процеси. Трето, да ја обврзе Бугарија да ги спроведат одлуките на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур, со кои ќе им се овозможи на Македонците во Бугарија да се здружуваат за афирмација на своите особености поврзани со јазикот, културата, историјата итн.

На овој начин ќе се покаже национално единство и ќе се предизвика реакција од страна на ЕУ“, велат од партијата на Павле Трајанов.

-По изборите ќе формираме македонска резолуција што ќе ги штити национални интереси, има многу што да се даде како инпут, а предлогот на СДСМ може да се земе како подлога, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој со низа забелешки за црвените линии на Венко Филипче, најмногу за Преамбулата за која рече дека има неточни факти и лаги и дека на овој начин не се штити националното.

Мицкоски со став дека нема доволно време да навлегува во детали на документот што СДСМ ќе го достави до Собранието, за него ќе се дискутира по изборите. Сепак, според него, има неколку работи кои би можеле да придонесат за квалитетот на самата резолуција, но, вели, има и фалсификати на датуми поради што посочува дека типично е за СДСМ да фалсификува.