Демократскиот сојуз (ДС) ја поздравува одлуката на Судот во Грција да регистрира невладина организација “Центар за Македонски јазик” (здружение на граѓани), која ќе се грижи за Македонскиот јазик.
-Ова е одлука од историско значење и е во фунција за натамошен развој на добрите односи помеѓу Македонија и Грција, истакнуваат од партијата.
Барањето за регистрација на организацијата беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година.
-Сакаме да нагласиме дека во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи. Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција, велат од Центарот за македонски јазик.