ДС: Да се воведе посебен Фонд за критичките медиуми и истражувачкото новинарство

од Nikola Popovski
233 прегледи

Демократскиот сојуз им го честита на новинарите Меѓународниот ден на слободата на медиумите 3 мај и ги охрабрува да опстојат во борбата за вистината, независноста од политичките партии и моќници и професионалното и одговорно информирање.

„Без слободни и високо професионслни медиуми, нема дрмократија,одговорност и правда. Состојбата со слободата на медиумите во Македонија и покрај малото поместување напред на листата на Репортери без граници, се уште е незадоволителна. Здравствената и економска криза предизвикана од пандемијата дополнително ја влоши економската и финансиската положба на медиумите, па и покрај помошта од Владата за покривање на минималната плата на новинарите, медиумите се ранливи и повеќе подложни на политичко влијание и притисоци, а критичките новинари се и натаму жртви на политички дискредитации и закани со физички напади“, велат од партијата.

Демократскиот сојуз ја поддржува Владата што побрзо да ги подготви законските измени според кои физички напад на новинар ќе се смета за напад врз службено лице, а досегашните случаи ќе бидат процесуирани и виновниците соодветно казнети.

„ДС инсистира Владата да го прифати нашиот предлог за воведување посебен Фонд за финансиска поддршка на критичките медиуми и истражувачкото новинарство, како и за проекти за борба против лажните вести со средства од буџетот во износ од најмалку 2 милиони евра, при што парите ќе се делат транспарентно од страна на независно тело составено од професионалци, новинари, претставници на новинарските здруженија и синдикати. Од таму нагласуваат дека слободата на медиумите е клучна за развојот на демократијата и одговорноста и отчетноста на власта, а таа е невозможна без финансиски независни и професионални медиуми и новинари“, стои во партиското соопштение.

Слични содржини