ДС: Двојната победа претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик

од Nikola Popovski
203 прегледи

Демократскиот сојуз, претседателските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Оценуваат дека пријавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции.

„Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава. Дамка на целиот изборен процес со обиди за нарушување на истиот, посебно во текот на вчерашниот ден, водството на ДУИ кое одлучи да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност, доколку успеше со бојкотот“, велат од партијата на Павле Трајанов.

Пораката, како што додаваат, е јасна.

Слични содржини