110
Демократскиот сојуз во врска со мигрантската криза укажува дека сите активности што ги презема Република Македонија треба да бидат усогласени, пред сè со соседните држави (Грција и Србија), како и со Европската унија, за да не се доведеме во безизлезна состојба, со тешки последици по безбедноста и стабилноста на државата.
Прифатот на мигрантите и нивниот транзит треба да се одвива како и досега, но Република Македонија не може да биде „регрутен центар“ за мигранти или пак да отвора кампови во кои присилно ќе ги задржува тие кои сакаат да го продолжат патот до некоја од нивните крајни дестинации.
ДС бара државниот врв, посебно Владата да изгради јасен и усогласен став, без политички калкулации и пазарења.
Интегрален текст