Демократскиот сојуз смета дека Одлуката за аболиција на 56 лица, носители на високи државни и политички функции, како и нивните соработници е спротивна на Уставот и Законот за помилување и го суспендира основното начело законите да важат подеднакво за сите.
Оваа одлука е ништовна покрај другото и поради тоа што се повикува на член 11 од Законот за помилување кој нe постои.
Оттука денешната одлука за делумно повлекување на аболицијата (само за 22 лица) на Ѓорге Иванов е неуспешен обид да го амортизира незадоволството и револтот кај граѓаните.
Апсурдно е и натаму да опстојува одлука за аболиција со која Ѓорге Иванов ја “запали Македонија” и го урниса правниот поредок.
ДС бара целосно повлекување на Одлуката за аболиција и продолжување на постапката за импичмент на Ѓорге Иванов.
Поради против Уставното распуштање на Парламентот и Одлуката за аболиција, мора да има одговорност, како гаранција дека по некој ден нема да има нов скандал и ново газење на Уставот и законите.