ДС: Обвинителстово да ги гони сите убијци и прикривачи на убиството на хрватскиот ракометар

од Берта Китинска
232 прегледи

Демократскиот сојуз жестоко го осудува бруталното убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот, ги повикува надлежните институции да ги доведат пред лицето на правдата сите негови убијци и да ги расветлат сите мистерии околу овој свиреп настан, велат од партијата на Павел Трајанов.

Оттаму посочуваат дека партијата е особено загрижена поради ненавремената реакција на надлежните органи и здравствените институции веднаш по убиството, како и поради обидите да се покрие или забошоти овој настан, кој според нив му овозможува на еден од убијците доволно време да се даде во бегство.

-Го повикуваме обвинителството да отвори истрага за можно прикривање на убиството од страна на поединци во надлежните институции, за неукажување помош на хрватскиот ракометар од лицата кои немо го следеа неговото крвничко претепување, како и против обезбедувањето на дискотеката „Привилиџ“ кое не интервенираше да го спречи крвавиот настан, велат од ДС.

Слични содржини