Демократскиот сојуз најостро ги осуди обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во Контролната кула за летање на Аеродромот во Петровец, стои во денешното соопштение на Демократскиот сојуз.
„Да се тврди дека со упадот и насилството на осуммина бандити на ДУИ во Кулата за контрола на летање не се загрозува воздушниот сообракај е театар на апсурдот, бидејќи аргументиран и издржан став презентираа и експертите. Но, не треба да бидеш експерт за да знаеш дека со неовластен упад и насилство спрема контролорите за летање директно е загрозен авиосообраќајот. Само среќата спасила можна катастрофа.
Сакаме посебно да укажеме на причините за „бегството“ на еден од тепаните, кој бил под силен притисок и закани да не дава изјава пред Јавниот обвинител.
Да потсетиме на идентичен случај во 2010 година, кога Беким Незири претепал контролор на летање, потоа го избркале и него и неговата сопруга од работа, по што тој избегал во една од скандинавските земји.
Затоа Владата мораше да ги разреши директорите на М-НАВ, Беким Незири да биде суспендиран од работното место во М-НАВ, а Судот на сите осуммина да им определи притвор.
Но ништо од тоа, на дело се партиските влијанија, партиските раководства во МВР, ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И СУДОТ, кои на смислен начин го опструираат целиот криминален настан.
Партиската блокада на институциите води кон анархија, криминал и дестабилизација на државата.
Одговорност мора да има за сите кои ги кршат законите, или сега или после изборите по промената на власта“, додаваат оттаму.