ДС повикува да се поддржи предлог-законот за борба против високата корупција

од Nikola Popovski
136 прегледи

Демократскиот сојуз (ДС) реагира на најновиот извештај на Стејт Департментот за човековите права, кој меѓу другото предупредува на висока корупција во државата.

-Демократскиот сојуз до Собранието достави Предлог-закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој се предвидува формирање независна Агенција за борба против корупцијата. Меѓутоа, според информациите, пратеничката група на СДСМ добила насоки од раководството на партијата прво да се развлекува ставањето на овој закон на дневен ред, а доколку се стави, да го отстранат од дневен ред со што ќе спречат во парламентот да се отвори расправа, велат од партијата.

ДС ги повикува сите пратеници да го поддржат овој законски проект со што ќе се отвори „војна против криминалот“ и ќе започне искоренување на високата корупција која ги кочи евроинтеграцииите и ги разорува државните институции.

Слични содржини