ДС: Сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа

од Берта Китинска

Демократскиот сојуз им изразува длабоко и искрено сочувство на семејствата на загинатите во трагедијата која се случи ноќеска во близина на Софија, при што во пожар, во Македонски автобус, настрадаа 46 лица.

-Демократскиот сојуз очекува брза, ефикасна и транспарентна истрага за причините за несреќата и ги повикува надлежните истражни органи да дадат одговор на сите отворени прашања: техничка исправност на автобусот, состојбата на автопатот, премореноста на возачот или други причини, соопштија од партијата.

Слични содржини