ДС: Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за уставноста на самораспуштањето на Собранието, повторни обиди се губење време

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Уставниот суд се прогласи за ненадлежен да одлучува по иницијативата поднесена од Демократскиот сојуз за оценување на Уставноста на Одлуката на Собранието на Република Македонија (донесена на 18.01.2016), за негово самораспуштање со одложена примена, стои во соопштението на ДС.

демократски-сојуз-хоризонтално

„Имајќи го во вид ова, сметаме дека повторните обиди, Уставниот суд, да донесе одлука за поништување на Одлуката за самораспуштање на Собранието е само губење на време.

ДС укажува дека, согласно Уставот на Република Македонија (член 66 став 1) и Деловодникот за работа на Собранието на Република Македонија (член 5 став 1), Собранието е во постојано заседание, а мандатот на пратениците трае од денот на верификување на нивниот мандат до денот на конституирање на Собранието во нов состав и верификација на мандатот на новоизбраните пратеници (член 15 став 4 од Изборниот законик).

ДС оценува дека постојат Уставни и Деловнички можности да се свика итна седница на Собранието на Република Македонија, на барање на најмалку 20 пратеници.

Такво барање е веќе доставено до претседателот на Собранието на Република Македонија на 14.04.2016 година“, велат од Демократскиот сојуз.

Слични содржини