Демократски сојуз вечер  ќе одржи трибина во Битола на тема „Платформа за обединување и вистински реформи“, во „Дом на културата“ со почеток во 18:00 часот.

DSC_0141

Со оглед на се погласните позиционирања на политичките партии на еден или дрг табор, ние порачуваме многу јасно дека стоиме  многу цврсто  во центарот, на обединувачка и на позицијата за силна и чесна Македонија. Ги каниме со нас да се обединат сите оние кои се против незаконското богатење и против криминалот и корупцијата, крадење и цедење на народот, против тие  кои ја уништуваат државата и не туркаат настрана од евроинтегративните процеси, велат во најавата од штабот на ДС пред вечерашната средба со битолчани.

На трибината ќе зборува претседателот и пратеник  на Демократски сојуз, Павле Трајанов.  Граѓаните ќе можат да коментираат, да даваат сугестии и да прашуваат, – ние не расправаме зад затворени врати порачуваат од Демократскиот сојуз.

 

Слични содржини