ДСЗИ бара од МЗ да формира комисија за да се истражи смртта на бебето

од Nikola Popovski
12 прегледи

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кој изврши вонреден инспекциски надзор во Клиниката за детски болести по смртта на седуммесечното бебе, му предложи на Министерството за здравство да поведе постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.

ДСЗИ утврдил дека на Клиниката, лекари кои што не се присутни, електронски од одредена далечина издаваат упати и извештаи. Тоа беше и забелешка и претходно и не е отстрането.

Според инспекторатот, констатирано е дека на Детската клиника се уште не е решен проблемот со задолжително присуство на специјалист во дежурната амбуланта, за што се води прекршочна постапка, како и дека медицинската документација се креира од страна на доктори што не се присутни на работа, за што ДСЗИ издаде решение чии рокови течат.

На 11 декември, во вечерните часови, детето повторно било донесено на Клиниката и заради влошената клиничка слика, хоспитализирано е на Одделот за неврологија. Креирани му се упати за повеќе испитувања, а на 13 декември заради натамошно влошување на здравствената состојба, трансферирано на Одделот за интензивна нега и терапија.

-Креирани му се упати за повеќе испитувања, а на 13 декември заради влошување на состојбата, трансферирано е на Одделот за интензивна нега и терапија. По стабилизирање на состојбата, повторно е вратено на Одделот за неврологија, каде престојувало неколку часа, по што повторно е вратено на ОИНТ, каде се направени дополнителни радиолошки, ехогравски и други лабораториски испитувања, што укажуваат на тешка општа состојба на детето, што во вечерните часови на ден 15 декември 2024 година, завршува со егзитус, стои во извештајот на ДСЗИ.

Откако во јавноста излезе веста за смртта на бебето, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди рече дека биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој рече дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.

За неколку месеци ова е четврто починато дете на Детската клиника. Последниот случај беше со петтгодишно девојче кое почина од воспаление на мозокот.

Слични содржини