ДСЗИ ги затвори кујните во шест училишта во Карпош по труењето со салмонела

од Nikola Popovski
279 прегледи

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведен информира дека вчера на ден 09.11.2023 спроведен е вонреден инспекциски надзор во училишните кујни на ООУ „Војдан Чернодрински“ , ООУ „Јан Амос Коменски“, ООУ „Братство„ и ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ после труењето со салмонела на учениците.

Заклучно со 09.11.2023 според добиенио податок од ЈЗУ Центар за јавно здравје –Скопје пријавени се вкупно дванаесет ( 12) ученици со симтоми – стомачни тегоби и покачена телесна температура. Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение времено се затворени кујните во сите шест (6) посетени основни училиш како централниот магацин од каде се дистрибуираат прехранбените продукти .

-Забраната за работа на училишните кујни ќе важи се до отстранување на наложените санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки кои опфаќаат: генерално механичко чистење на просторот и опремата, вонредна дезинфекција дезинсекција и дератизација од овластена установа како и до добивање на негативни резултати од земените брисеви од работните површини и опремата.

Постапувањето по добиените резултати од земените примероци храна е во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е во постојана комуникација со ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје кој ја следи епидемиолошката состојба на терен и доколку има потреба, според нивна проценка и понатаму ќе биде дел од координираните надзори, велат од ДСЗИ преку соопштение.

Слични содржини