ДСЗИ спроведува инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка која почина во штипската болница

од Берта Китинска
413 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче, информира дека во врска со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.

-Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип. По завршениот надзор, јавноста ќе биде навремено информирана, информира  Филипче.

Слични содржини