Дујовски за чествувањето на Гоце Делчев: Политички настан, полицијата има капацитет

од Nikola Popovski
241 прегледи

Професорот од Факултетот за безбедност, Никола Дујовски смета дека чествувањето на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев всушност ќе биде политички настан.

-Ова не е чествување на Гоце Делчев или 121 година од неговото раѓање. Тоа е повеќе низ призмата на политиката. Во Бугарија веќе се влезени во една предизборна кампања и непотребно додаваат масло на огнот за да ги возбудат луѓето кои што по правило не би излегле да гласаат за нив. Ќе биде соодветно обележено и обезбедно секое движење на гостите од страна, како и движењата на нашите граѓани. Нема да биде запирано ништо, но никому нема да му биде дозволено да прави насилство на јавниот простор. Очекувам полицијата да има зајакнато присуство на граничните премини и на правците кон Скопје, како и кај црквата Св. Спас. Кај нас не може да извлече некоја неуспешна полициска акција од која можеме да влечеме заклучоци дека ние немаме доволно капацитет да се справиме со 5 или 10 автобуси на странски граѓани кои што имаат било какви тенденции или намери кон нас, рече Дујовски во емисијата „24 анализа“ за 4-ти февруари.

Слични содржини