Дуа Липа ја откри својата фигура во најхрабриот фустан досега (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
377 прегледи

Светската промо турнеја на еден од најисчекуваните филмови на летото е во полн ек. На чело со Маргот Роби, екипата на филмот „Барби“ продефилираше на розовиот тепих во Лос Анџелес овој викенд, а најозборуваното издание го обезбеди поп-ѕвездата Дуа Липа.

Покрај тоа што во филмот „Барби“ на Грета Гервиг се појавува како едно од многуте музички имиња кои учествуваа во создавањето на неговиот саундтрак, една од најголемите поп ѕвезди на денешницата доби можност да глуми во најочекуваниот филмски проект на летото.

На светската промо турнеја на филмот „Барби“ досега бевме сведоци на бројни неверојатни изданија на неговиот главен лик, Австралијката Маргот Роби, целосно инспирирана од најпознатата кукла на светот, но на розовиот тепих во Лос Анџелес, 27-годишната ѕвезда со албанско потекло го украде целото внимание.

Споменатото го постигнала појавувајќи се во тесен фустан од светкава, мрежеста ткаенина со сребрен сјај, кој особено ѝ поласкал на исончаната кожа и ја истакнал нејзината фигура.

Нејзиниот избор на додатоци се состоеше од едноставен дијамантски ѓердан, холографски сребрени потпетици и висечки обетки, а како и за нејзините многубројни изданија досега, се погрижи Лоренцо Посоко, италијански стилист со адреса во Лондон.

Слични содржини