Дуа Липа привлече внимание со фустан со длабоко деколте, ја споредуваат со сирена (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
439 прегледи

Откако беше во центарот на вниманието на премиерата на филмот „Барби“ во Лос Анџелес, каде се појави во целосно проѕирен фустан, британската пејачка Дуа Липа ја одбележа лондонската премиера на филмот со уште еден впечатлив аутфит.

Само неколку месеци откако соработуваше со „Версаче“ на сопствената колекција, Дуа Липа на розовиот тепих во Лондон носеше парче од италијанската модна куќа од споменатата колекција. Пејачката се појави во впечатлив миди фустан со златни прерамки со синџир и разнобоен цветен дизајн, а со длабокото деколте се погрижи сите погледи повторно да бидат вперени во неа.

Таа ја дополни комбинацијата со извонредни парчиња накит – ѓердан со златни парички и пеперутка со потпис на „Версаче“, соодветна нараквица, прстени со пеперутка и штикли со ремени.

Дуа Липа во филмот се појавува како сирена Барби, а токму поради изданието од премиерата во Лондон, многу фанови ѝ напишаа дека изгледа како сирена. Пејачката исто така компонираше музика за филмот, а нејзината песна Dance The Night е главниот сингл на саундтракот на филмот.

Слични содржини