Дубаи го добива најголемото уметничко дело досега: Кула во форма на штипка се заканува да ги засени сите ривали

од Vladimir Zorba

Видовме толку многу зачудувачки примери на невообичаени градби ширум светот, како што се зградата Рен во Кина, Basket делото во САД, Cybertecture Egg Office во Индија или Bubble палатата во Франција.

Дубаи наскоро ќе се приклучи на оваа неверојатна листа, доколку израелскиот уметник Зиго и неговиот тим успеат да „закачат“ кула во облик на штипка (The Clothespin Tower).

Компанијата „Clothespin“ ќе ги трансформира познатите уметнички дела на Зигo во реален проект, кој обединува две „половини“, односно двa крака, како што се гледа на фотографијата.

Зиго ова го нарекува најголемото уметничко дело некогаш создадено и се надева дека оваа, како што вели, култна кула – ќе биде изградена, како симбол на љубов, мир и надеж.

Кулата треба да има 40 ката: едната половина ќе служи како луксузен хотел за туристите, и ќе има 1.200 соби, а другата половина ќе има 300 луксузни апартмани и огромен комерцијален простор за трговски центри, галерии, ресторани.

Исто така, „Clothespin“ е наводно совршена метафора за идните врски меѓу Израел и ОАЕ. Сепак, сè уште сè е во повој. Уникатниот проект во моментов бара стратешки партнери за обезбедување на земјиште и градежни дозволи.

Планот е да се започне со изградба во 2023 година. Уметникот Зиго вели дека целта е „луѓето да станат активен дел од проектот, од пасивни гледачи на уметнички дела“.

Слични содржини