Дубаи го укинува данокот од 30 отсто за алкохол, се надева на пораст на туризмот

од Nikola Popovski
176 прегледи

Главниот град на Обединетите Арапски Емирати одлучи да го укине данокот од 30 отсто за алкохолните производи, со надеж дека ќе привлече повеќе посетители и странски инвеститори.

Промената стапи на сила од 1-ви јануари, а засега не е јасно дали ќе биде трајна. Според Фајненшл тајмс, во прашање е само проба од една година.

Во исто време, Дубаи ќе престане да наплатува лиценца за алкохол, која мора да ја добие секој жител на градот кој сака да пие алкохолни пијалоци во својот дом, јавува Би-Би-Си.

Во Дубаи, главниот град на забавата на Персискиот Залив, соодносот на странци и локални жители е девет спрема еден, а граѓаните често патуваат во најголемиот емират Умн ал-Кувеин за да купат алкохол во големи количини.

Главниот град на Обединетите Арапски Емирати историски секогаш успевал да привлече повеќе туристи и богати странски работници отколку соседните земји, а една од причините е полибералниот начин на живот во споредба со другите земји од Персискиот Залив.

Во меѓувреме, соседните земји напредуваа и го подобрија услужниот и финансискиот сектор, па Дубаи е принуден да направи чекор повисоко во однос на конкуренцијата.

Слични содржини