Дуда: Нема воена закана на границата меѓу ЕУ и Белорусија

од Nikola Popovski
314 прегледи

Полскиот претседател Анджеј Дуда синоќа изјави дека „нема воена закана“ на границата меѓу Европската унија и Белорусија, каде илјадници мигранти се обидуваат да влезат на територијата на Полска и ЕУ, и каде Варшава испрати безбедносни сили.

Дуда рече дека Полска првенствено ја користела цивилната полиција и граничната служба за да ја исполни својата обврска да ги заштити источните граници на ЕУ од притисоците на „илегалната миграција“, пренесува АП.

-Присуството на полската армија таму е пред се поддршка, рече тој при посетата на Црна Гора.

Белорусија претходно објави дека мигрантите кои кампувале на белоруската страна на границата со автобуси биле однесени во прифатните центри.

Дуда од денес ќе биде во дводневна посета на Македонија, каде што ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, спикерот Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

Слични содржини