Дуда пречекан со највисоки државни и воени почести

од Nikola Popovski
279 прегледи

Добредојде за полскиот претседател Анджеј Дуда, кој го пречекавме на церемонија со највисоки државни и воени почести по повод неговата официјална посета на Северна Македонија, објави претседателот Стево Пендаровски.

Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

-Со заеднички напори и посветеност изградивме одлични македонско-полски односи и плодна соработка во изминатите години, врз основа на меѓусебна почит и традиционално пријателство, соопшти Пендаровски.

Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев.

Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-послиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел  Мериот.

Слични содржини