376
Претседателот Заев ќе си даде оставка и повеќето од сопартиците ја делат истата мисла дека е потребен нов лидер и јас на тоа место гo препознавам Максим Димитриевски како претседател на СДСМ, кажа градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш во Утрински Брифинг во врска со својата Фејсбук објава во која сподели фотографија со Димитриевски и напиша дека е „иден Претседател на СДСМ и мандатар за нова влада“.
– Јас имав храброст за разлика од другите да го кажам тоа во јавност, ќе видиме што ќе се случи. Тој е авторитет, победник и треба да биде лидер на СДСМ, рече Дудуш.