Дудуш: Дозволата на депонијата во Визбегово важела до февруари годинава

од Nikola Popovski
364 прегледи

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш информираше дека е локализиран пожарот на дивата депонија со отпад кај Визбегово. Актвирани биле ЦУК, како и ДЗС.

-Сите сме на терен и сме активни за да го локализираме пожарот што избувна. Направивме евакуација на дел од куќите кои што беа загрозени, но, сепак немаше потреба бидејќи и самите жители кои живеат во куќите излегоа и помогнаа за гасење на пожарот, рече Дудуш во изјава за медиумите.

За фирмата која ја поседува депонијата, градоначалникот изјави дека во општината на увид ги има сите документи.

-Знаеме дека Министерството за животна средина му има издадено дозвола за работа во 2019 година и 2020 година и дозволата важела до февруари 2025 година. Во ноември 2024 година, колку што знаеме во општината, имаат поднесено ново барање, но не знаеме до каде е. Кај нас само се бара мислење за продолжување на нивната дозвола. Тогаш дадовме позитивно мислење, кажа Дудуш.

Според објавите на дел од медиумите, избила жестока тепачка при приведувањето на сопственикот на депонијата.

-Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот, информираа од МВР.

Слични содржини