ДУИ: Алијансата на Албанците стои зад насилниот и навредлив протестен марш и навредите врз жените

од desk4
200 прегледи

Фотографиите од протестот, на кои јасно се гледа присуството на членови на високата партиска структура на Алијансата за Албанците, се јасен доказ дека изразеното насилство и оцрнување на жените Албанки на вчерашните протести носи печат на Села, Таравари и потпретседателката на огранокот Нука Бајрами,пишува во партиското соопштение на ДУИ.  Според Интегративците и одговорното лице на Алијансата за медиумите, Арбен Зеќири, преку социјалните мрежи повикувал на учество во протестите.

Демократската Унија за Интеграција смета дека наместо осуда и дистанцирање од насилство и навредливи пароли, Алијансата за Албанците докажала дека го поддржува нискиот гест на навреда кон општествената положба на жените и го поддржува насилството на демонстрантите со криминално досие, пишува во партиското соопштение на интегративците.

Во соопштението Демократската Унија за Интеграција уште еднаш изразува искрено сочувство до семејствата и ги повикува сите политички партии да не ја злоупотребуваат болката на семејствата на жртвите за површни предизборни политички придобивки.