ДУИ бараат од надлежните институции да спроведат целосна истрага

од Берта Китинска
312 прегледи

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски во вчерашната трагедија во ковид-центарот во Тетово, додека на повредените им посакува брзо закрепнување.

Од ДУИ бараат од надлежните институции да спроведат целосна истрага и целосно да го расчистат случајот, со цел, како што велат, да се утврдат причините кои го предизвикаа пожарот во ковид-центарот во Тетово.

– Истворемено, ДУИ апелира до сите да дадаат придонес до целосно расветлување на случајот од страна на надлежните институции. Воедно, Демократската унија за интеграција одлучи да ги откаже сите предвидени активности како почит кон сите што го изгубија животот во синоќешната трагедија, се вели во телеграмата со сочувство од ДУИ.