ДУИ: Бараме сеопфатен ветинг на сите јавни функционери во последните 30 години

од Milan1
30 прегледи

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше средба со потесното раководство на партијата како подготовка за утрешниот состанок на централното претседателство.

Од ДУИ соопштија дека на средбата е дискутирано, како што се наведува, „за лажната пропаганда и обвинувањата за корупција на високо ниво“.

– Како партија, посветени сме борбата против корупцијата да не се претвори во битка за дневни и партиски интереси, туку да служи за откривање на вистината и спречување на овој штетен феномен. Оттука ги повикуваме сите политички партии, особено оние на власт, без одложување да се побара од меѓународната заедница мониторинг за сеопфатен ветинг на сите јавни функционери во последните 30 години. Овој чекор е клучен за зголемување на транспарентноста и враќање на довербата на граѓаните. Одбивањето на ова итно барање ќе покаже не само користење на лажни обвинувања за прикривање на вашата неспособност и коруптивност, туку и недостаток на храброст за соочување со вистината за корупцијата во земјата. Ги повикуваме политичките субјекти меѓународната заедница да делува сега за да го поддржи овој процес, стои во соопштението од ДУИ.

Слични содржини