ДУИ до меѓународниот фактор: Има системското исклучување на Албанците од клучните државни институции

од Milan1
86 прегледи

ДУИ официјално ги информираше Европската унија, САД, Велика Британија и другите меѓународни партнери за, како што велат, длабоката загриженост за системското исклучување на Албанците од клучните државни институции. Во писмото Интегративците нагласуваат дека се издвојуваат само 12% од буџетот за албанските културни проекти; како и за состојбата што ја нарекуваат алармантна во одбраната и безбедноста. Истакнуваат дека ниту еден Албанец нема меѓу 10-те директори на сектори во Министерството за одбрана, ниту еден меѓу раководителите на 29 единици во рамките на министерството и само 1 меѓу 12-те главни советници на министерството.

-Се загрозува мултиетничката структура на државата. ДУИ ги повикува Европската унија, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и останатите меѓународни партнери, кои одиграа клучна улога во развојот на инклузивните институции во Северна Македонија, да ги разгледаат овие загрижености пред оваа состојба да стане структурна и тешко поправлива, велат од ДУИ.

Слични содржини