Пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција целосно го демантира како велат пропаганден прилог на телевизија Алсат каде се апострофираат пратениците на ДУИ дека наводно не биле нападнати од страна на демонстрантите и го сметаат како тенденциозен, поттикнувачки и како целосно шпекулативен прилог.
„Без пратениците на ДУИ нема да имаше нов Претседател на Собранието и тие стоеја во Собранието се до заедничката евакуација од страна на полицијата додека во меѓувреме им помагаа на многу други пратеници на СДСМ и им подадоа рака и на полицајците од кои повеќето од нив беа Aлбанци.
Ваквите обработени кампањи и манипулативниот сензационализам се труди за да создаде лажна слика за настаните во Собранието, но Пратеничката група на ДУИ е определена кон една иста линија со партиската политика предводена од Претседателот Али Ахмети за ново парламентарно мнозинство и реформаторска влада и нема да се пренасочат од ваквите непрофесионални кампањи„ се вели во соопштението на ДУИ